Започна вакцинирањето за сезонскиот грип
Од утринава во Битола започна бесплатното вакцинирање против сезонскиот грип, кое годинава наместо преку Центарот за Јавно здравје, ќе се врши преку З дравствениот дом.За вакционален пункт е одредена амбулантата во гимназијата Јосип Броз Тито. Кон крајот на месецов во Центарот за јавно здравје се очекува да започне и комерцијалното вакцинирање...

Од утринава во Битола започна бесплатното вакцинирање за сезонскиот грип со кој се опфатени предвидените ризични категории. На определениот вакцинален пункт, амбулантата на Гимназијата Јосип Броз Тито, 70 годишниот Благој Јанкуловски беше меѓу првите што ја прими вакцината. Вели ова му е прв пат да се заштитува од сезонскиот грип, затоа што годинава има нешто поопасно од студените битолски зими.
Во пвата пратка Битола доби 750 бесплатни вакцини. Почитувањето на строгите ковид- протоколи ги наметнува и дневните термини на вакцинација, велат од Здравствениот дом.
Амбулантата ќе работи во две смени, а доставувањето на следните вакцини ќе се одвива парцијално, без застој. Стравот од пандемијата драстично го зголеми интересот. Има и такви кои иако ги исполнуваат услвите за бесплатна вакцина, бараат термини за вакцинирање со наплата, која во теков на месецов ќе започне во Центарот за јавно здравје
Со првата пратка ќе бидат опфатени и 20 медицински работници, вклучени во процесот на бесплатно вакционирање.
Стевче Митревски
