Почина пијанистката и универзитетски порофесор Јасмина Чакар

12.11.2020 13:45

Ќе остане забележана по својата плодна солистичка концертна дејност, бројни настапи и соработки во пијано придружби со речиси сите истакнати македонски вокални и инструментални уметници.

Вчера, по кусо боледување, на 81-годишна возраст почина Јасминка Чакар, една од највлијателните македонски пијанисти и долгогодишен професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Ќе остане забележана по својата плодна солистичка концертна дејност, бројни настапи и соработки во пијано придружби со речиси сите истакнати македонски вокални и инструментални уметници.

За нејзината исклучително богата уметничка дејност била и често пати наградувана. Погребот ќе биде утре во 13 часот, на градските гробишта Бутел во Скопје.

Повеќе за уметничката биографија на Јасминка Чакар, утре со почеток од 15:20 на првиот програмски сервис, Македонската телевизија ќе емитува нејзин портрет, снимен во 1993-та година.