Македонија се пласира на Европското фудбалско првенство

12.11.2020 21:37

Експлозија од одушевување низ земјава. Конечно - Македонија на европско првенство. По три децении самостојност на државава, нашата фудбалска репрезентација обезбеди прв пласман на едно големо натпреварување...

Чекавме и дочекавме! Експлозија од одушевување низ земјава. Конечно - Македонија на европско првенство. По три децении самостојност на државава, нашата фудбалска репрезентација обезбеди прв пласман на едно големо натпреварување. Идното лето ќе биде дел од 24-те најдобри репрезентации на стариот континент. 

Настапот на европскиот шампионат Македонија го обезбеди со победата над Грузија од 1-0, во плеј-оф квалификацискиот натпревар во Тбилиси. Моментот на одлука се случи во 55-та минута, кога историскиот погодок како круна на кариерата го постигна лидерот на оваа репрезентативна генерација, Горан Пандев.

На европскиот шампионат идното лето, во Букурешт и во Амстердам, Македонија ќе игра во група со селекциите на Украина, на Австрија и на Холандија.