Шилегов не открива детали за спорните тендери
Портпаролот на СДСМ не открива детали како спорни тендери завршувале кај фирми блиски до неговата партија кога тој раководеше со второстепената владина комисија за јавни набавки.

Деновиве, медиумите опширно известуваа за сомнителни испорачани зделки во кој главен актер е Шилегов и фирми со звучни имиња спонзори на опозициската партија. „Семос“ не е единствената фирма на која и биле давани оспорени тендери. И штипската фирма „Брилијант“ по истиот систем победувала, независно од жалбите на фирмите конкуренти кои ги обжалувале тендерските постапки поради неправилности и други пропусти. На секоја од нив е потписот на Шилегов
-„Депласирано е да се зборува за некој кој очигледно во обид да ги прикрие мега скандалите кои ги открива СДСМ, во кои очигледно се инволвирани високи функционери на власта да зборува за работи за кои се минати 10 години“,рече Шилегов.
Жалбите на фирмите за одреден тендер, во времето кога Шилегов бил претседател на владината комисија се одбивале со кратко образложение дека се неосновани.
