Пронајдена марихуана, приведен дилер во Охрид
13.11.2020 11:07
Дополнително, при претрес во неговиот дом како и во помошна просторија што ја користел на улицата „Марко Нестороски“, пронајдени се 80 полиетиленски опаковки со различа тежина...

Полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, вчера при преглед извршен врз Т.Љ. (31) од Охрид, пронајдоа и одзедоа две најлонски кеси со марихуана.
Дополнително, при претрес во неговиот дом како и во помошна просторија што ја користел на улицата „Марко Нестороски“, пронајдени се 80 полиетиленски опаковки со различа тежина на марихуана наменети за улична продажба на наркозависници од Охрид. Т.Љ. е приведен и против него, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.
