СЗО: Складирањето на масовни количества вакцини ќе ја продолжи пандемијата
За иницијативата со која се гарантира пристап до тестовите и лекувањето се потребни уште 28,5 милијарди долари. СЗО преговара и со рускиот институт кој ја развива вакцината „Спутник“ која покажала ефикасност од 92% во третата фаза на испитувањата.

СЗО предупреди дека складирањето на поголеми количества вакцини би ја продолжило пандемијата во земјите кои однапред купуваат двојно повеќе дози во споредба со бројот на жители.
За иницијативата со која се гарантира пристап до тестовите и лекувањето се потребни уште 28,5 милијарди долари. СЗО преговара и со рускиот институт кој ја развива вакцината „Спутник“ која покажала ефикасност од 92% во третата фаза на испитувањата.
Во меѓувреме, германската биотехнолошка компанија „КjурВак“ соопшти дека нејзината вакцина може безбедно да се чува во обичен ладилник и до три месеци, што го олеснува транспортот и одржувањето на производот, и го намалува ризикот од дополнителни трошоци.
Од ковид-19 починале над 1,3 милиони луѓе. На глобално ниво се заразиле повеќе од 53 милиони лица.
