МОДА И УБАВИНА

Три мали тајни за долготрајна убавина

13.11.2020 10:34

Брчките се записи на нашите животи, секоја претставува една насмевка, една солза или година во која можеби ви се случиле прекрасни животни работи. Сепак, секој од нас сака да го одложи стареењето и формирањето на брчки, и да го зачува здравиот изглед на кожата што е можно подолго.

Анттиејџ козметиката  не е единствениот начин да се забави стареењето на кожата на лицето, постојат три тајни кои имаат многу подобар ефект во спречувањето на брчките.Жените кои изгледаат млади секогаш ги следат овие три правила:

Здрава храна здрава кожа

Може да имате најквалитетна и најскапа козметика, но ако не јадете здраво и не внесувате витамини и минерали кои се важни за вашата кожа, сите напори ќе бидат залудни. Истражувањето на Американската академија за дерматологија укажува на силна врска помеѓу исхраната и појавата на брчки.

Експертите истакнуваат дека постојат намирници кои предизвикуваат и оние кои го намалуваат ризикот од брчки. Ако сакате да останете млади подолго, тогаш ограничете го внесувањето на црвено месо, рафинирани житарки, преработена храна и алкохол. Консумирајте храна богата со антиоксиданси, таа има антиинфламаторно дејство, богата е со витамини, минерали и растителни влакна.

Храната богата со омега 3 масни киселини, витамини А, Ц и Е, позитивно влијае на еластичноста и изгледот на кожата. Козумирајте  авокадо, боровинки, лосос, семиња и ореви. Исто така, редовно хидрирајте го вашето тело и обидете се да внесувате доволно вода секој ден. Освен што е добро за здравјето, ќе има и позитивно влијание врз убавината на кожата.

Сонот за убавина не е мит

За време на спиењето, енергијата на организмот се обновува и затоа квалитетниот сон е клучен за здраво функционирање на организмот. Истиот случај е и со убавината. Кожата се обновува и мирува за време на спиењето, особено ако често се шминкате. Затоа е потребно 7 до 8 часа сон на ден, доколку сакате да го

Секогаш отстранувајте ја шминката пред спиење

Кога ќе се вратите дома после долг ден на работа, потребно е да ја извадите шминката и да дозволите кожата на лицето да се одмори.Кога кожата често е под шминка подолго време, порите се затвораат и ова може да предизвика брчки, испукани усни и иритација во пределот околу очите.

За да ја отстраните шминката, користете органска мицеларна вода или нежни сапуни за лице на природна основа.

Дијана Гогова Атанасова