Дозата на коронавирус на која сте изложени може да одреди колку ќе бидете болни
Количината на коронавирус на која сте изложени може да направи разлика дали ќе бидете асимптоматски, имате лесна или тешка форма на болеста, покажа новото истражување.

Докажано е дека концептот на потреба за одредена доза на патоген за започнување на инфекција се однесува на многу вируси, како што е грипот, но и на други вируси, објасни Ерин Бромиџ, вонреден професор по биологија на Универзитетот во Масачусетс.
„Ако заразите животно со мала доза, тоа ќе може да се одбрани без да развие никакво заболување. Доколку се работи за доволно заразна доза, ќе се утврди инфекција и тогаш тоа животно ќе подлегне на болест од одреден патоген. Во повеќето ситуации, голема доза на патогенот, како што е висока доза на вирусот, доведува до посериозни резултати “, рече Бромиџ, заклучувајќи:„Дозата станува навистина важна“.
Ова не е затоа што ви треба одреден број честички на вирусот за да заразите клетка, тоа само ги зголемува шансите една од тие честички на вирусот да влезе во клетката и да ја зарази, предизвикувајќи верижна реакција.
Самиот вирус не е единствениот што игра важна улога, тој има врска и со индивидуата.
Ако дозата е доволно мала, може да не предизвика болест, но сепак може да создаде имунолошки одговор, сличен на вакцината.
Дијана Гогова Атанасова
