Почна вакцинацијата во Прилеп, се очекуваат повеќе дози

13.11.2020 12:56

И во Прилеп почна вакцинацијата против сезонскиот грип. Ризичните групи граѓани со нетрпение дочекаа. Вакцинацијата се одвива непречено, само попладне. Од здружението на матични лекари реагираат на нетранспарентни термини за закажување и дека се малку 690-те дози за Прилеп. Од Министерството за здравство уверуваат- вакцини има за сите...

Непречено почна вакцинацијата против сезонскиот грип во Прилеп. Но, само во попладневните часови и тоа од вчера, од 14 па до 20 часот преку посебен влез. Ова, велат од Здравственмот дом, за да биде безбедно. Граѓаните со нетрпение дочекаа.

Само вчера и денеска попладне се вакцинираат 90 граѓани од петте посочени групи. За Прилеп се 690 дози. Од Здружението на матичните лекари реагираат: тоа се малку за градот, а интересот и потребата големи. Бараат и транспарентност на закажувањето термини.

Од Министерството за здравство уверуваат - вакцини има за сите. Не се утврдени недостатоци во закажувањето термини и секој петок се отвораат термините за наредната недела. Покрај 690-те, до крајот на месецов за Прилеп се најавуваат дополнителни дози.

Што се однесува до комерцијалните вакцини, ги набавуваат Центрите за јавно здравје. Спроведена е набавката, треба да заврши до крајот на месецов. За девет центри, меѓу кои и прилепскиот, ќе бидат 10.500 дози. Инаку, Прилеп лани потроши преку 2.000 вакцини против сезонскиот грип.

 

Елизабета Митреска