Одбележување на 13-ти ноември, Денот на ослободувањето на Скопје

13.11.2020 13:02

На 13 ноември 1944 година, борците од 42. и 50. Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16. Македонска бригада го ослободија Скопје од фашистичка окупација.

На 13 ноември 1944 година, борците од 42. и 50. Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16. Македонска бригада го ослободија Скопје од фашистичка окупација.

По неколкудневните тешки борби со припадниците на 22-та Гренадирска германска дивизија, составена од 47. и 65. полк и делови од 11. Воздухопловна десантна дивизија, како и бригадата „Ангермилер“, која беше распоредена пред Качаничката клисура, борците со победоносен марш влегоа во градот.

По тој повод денеска беа положени венци пред споменикот на Ослободителите на Скопје и на Партизанските гробишта во Бутел.