Се градат нови станови за социјално ранливите семејства

14.03.2014 17:34

Лани почна изградбата на станови во Прилеп кои ќе бидат готови догодина. Во Демир Хисар и Ресен ќе бидат завршени годинава. Во нив ќе се здомат 118 семејства. За млади брачни двојки, инвалидизирани лица, самохрани родителисе обезбедени 366 станови...

Тринаесетгодишната Ружа сега има своја соба. Има каде да ги покани другарките. Нејзината мајка, пак, и покрај тешката болест, сега е поспокојна, не се грижи за плаќањето кирија, посебно откако остана без работа. Скоро седум месеци живеат во стан што го добија од државата.

„Покрив над глава на секого многу му значи. И мене исто така. Со ќерката сами сме. Фала и на државата. Ова е најбитната работа“, вели Сузана Дуранчиќ.

Освен што вдомуваат во постојните станови, надлежните градат и нови објекти за социјално ранливите семејства. 559 станови се изградени во 10 града.

Завршени градби по градови:

Скопје                                   102

Македонска Каменица          29

Кавадарци                             30

Крива Паланка                       46

Кочани                                  29

Кичево                                  32

Битола                                  78

Охрид                                   71

Штип                                     91

Берово                                  51

Вкупно:                                 559

Лани почна изградбата на станови во Прилеп кои ќе бидат готови догодина. Во Демир Хисар и Ресен ќе бидат завршени годинава. Во нив ќе се здомат 118 семејства. За млади брачни двојки, инвалидизирани лица, самохрани родителисе обезбедени 366 станови.

 

Завршени градби по градови:

Скопје                                      296

Битола                                      70

Вкупно:                                    366


Во 2013 година е донесен акционен план за изградба на 108 станови за станбено необезбедени лица во скопје, кочани, тетово и кавадарци. Годинава ќе се почне со реализацијата на проектот.

Наташа Јанчиќ