ЕВРОПСКА УНИЈА
Полска се заканува со вето на седумгодишниот буџет
13.11.2020 13:11
Заедно со Унгарија, Полска е под истрага за наводно дестабилизирање на независноста на судовите, медиумите и невладините организации.

Полска ѝ се закани на ЕУ со вето на ратификувањето на седумгодишниот буџет доколку пристапот до фондовите не биде организиран според владеењето на правото.
Заедно со Унгарија, Полска е под истрага за наводно дестабилизирање на независноста на судовите, медиумите и невладините организации.
„Доколку стават вето на долгорочниот буџет, двете земји може да си нанесат штета бидејќи и самите се големи нето корисници на европските фондови“, тврдат аналитичарите.
