Во пандемијата на криминалот со фалсификувани тестови Македонија не е исклучок
Пандемијата со Ковид- 19 ја следи и појава на фалсификувани тестови, кои не ја одминаа ниту нашата земја. Властите вршат контроли на аеродромите преку проверка на бар кодовите на потврдите за негативен тест. ПЦР тестот е задолжителен за патување на нашите граѓани во земјите на ЕУ, но не и за Албанија, Косово, Турција и Србија...

Пандемија на криминалот со фалсификувани ковид тестови се случува низ светот, но ние не сме исклучок, вели за МТВ националниот координатор за гранично управување, Пивоваров. Веќе има официјални докази како се лажираат овие тестови и внатре во границите на Унијата на пример, од Англија за Португалија. Безбедносните служби мора секогаш да бидат подготвени бидејќи не се работи само за кривично дело, туку за голема безбедносна, криминална и здравствена закана. Координаторот ни открива како тоа го прават криминалците кои секогаш размислуваат чекор повеќе пред безбедносните служби.
Македонските искуства говорат дека нашите граѓани многу често користат вакви тестови за европските земји. Властите веќе се мобилизираат во оваа насока, вели Пивоваров, со Кризниот штаб, ресорниот министер Филипче и Караџовски. За воспоставување контролен систем на нашите граници, пред сѐ на Скопскиот аеродром преку проверка на бар- кодовите на тестовите.
Македонските граѓани можат да патуваат без ПЦР тестови во Косово, Албанија, Турција и од пред два дена во Србија, вели Пивоваров. За земјите од Европската унија и други земји тестот е задолжителен.
Фиљана Кока
