Македонската репрезентација на Европско, Македонија слави
Ни ги исполнија срцата, Македонија ќе учествува на европското првенство. Со феноменалната, филигрански прецизната акција на македонските репрезентативци и на голгетерот Пандев, македонскиот тим го исполни ветеното и се најде меѓу најдобрите европски репрезентации...

Оваа фудбалска репрезентација испиша фудбалска историја. Предводени од капитенот Пандев и селекторот Ангеловски, ја носат Македонија на европското првенство. Оваа генерација фудбалери го оствари сонот на многу генерации Ммакедонци.
Тие славеа во Грузија, а ние славевме во македонските градови и села. Репрезентација пристигна во раните утрински часови, со пораката – ни се оствари сонот.
Еуфоријата по историскиот пласман на Македонија, којашто единствена од регионот се пласираше на Европското првенство, продолжува со несмален интензитет. Пред Европското првенство, Македонците порачуваат – напред наши!
Откако фудбалските херои на Динамо арената во Тбилиси ги одбранија боите на македонското знаме, сега одбројуваме до јуни 2021-ва, кога ќе истрчаат на теренот во Букурешт, оствајќи го како и секогаш, срцето на терен за Македонија.
Марија Котовска
