Меркел планира нови мерки поради рекордниот број заразени во Германија

13.11.2020 16:58

Германија од 2 ноември почна со делумно затворање кое ќе трае 4 недели, со цел да се намали бројот на новозаразени. Рестораните , баровите, спортските објекти и оние за забава се затворени, а училиштата и продавниците се отворени.

Во Германија, според Институтот Роберт Кох, се регистрирани рекордни 23 542 новозаразени со корона вирусот во едно деноноќие. Канцеларката Агела Меркел во понеделник ќе разговара со сите гувернери за нови мерки.

Германија од 2 ноември почна со делумно затворање кое ќе трае 4 недели, со цел да се намали бројот на новозаразени. Рестораните , баровите, спортските објекти и оние за забава се затворени, а училиштата и продавниците се отворени.

Официјалните власти велат дека е рано да се каже дали мерките ќе имаат ефект.

С. Стојановска