Заев: Има извори за дополнителни приходи

16.11.2020 10:19

Според анализите, земјоделското земјиште по пазарни цени што е во државна сопственост, вреди повеќе од две милијарди евра, посочи Заев. Приходи се очекуваат и од внесување на кеш парите коишто се надвор од системот.

Дополнителни извори на приходи може да се обезбедат и од некои неефикасни државни компании и ресурси, преку јавно-приватни партнерства, концесии - рече премиерот Зоран Заев на дебата за буџетот за 2021 година.

Според анализите, земјоделското земјиште по пазарни цени што е во државна сопственост, вреди повеќе од две милијарди евра, посочи Заев. Приходи се очекуваат и од внесување на кеш парите коишто се надвор од системот.

Според министерот за финансии Бесими, предвидена е консолидација на буџетскиот дефицит, но приоритет е да се реализираат политиките на владата за заштита на здравјето на граѓаните и заштита на економијата.