Исчезнатиот „боинг“ бил пренасочен кон Андаманскиот залив

14.03.2014 17:45

Малезиски извори блиски до истрагата изјавија...

Малезиски извори блиски до истрагата изјавија дека воени радари покажале дека малезискиот боинг кој исчезна пред една недела, намерно бил пренасочен преку Малајскиот полуостров кон Андаманскиот залив. Според експертите, рутата била избрана од искусен пилот. Малезиската полиција истражува и дали некој од патниците имал лични или психолошки проблеми што би можело да ја наведе истрагата во друг правец. Се уште се разгледуваат можностите за саботажа, киднапирање или механичка грешка.