Специјалисти и специјализанти помагаат на инфективното одделение во Велес
Двајца лекари од велешко, и покрај тоа што работат на други одделенија и во приватни амбулатни, сами се пријавиле да им помагаат на колегите на инфективното одделение во велешката болница. На апелот се одѕваа и осум доктори- специјализанти. Ѓоргиевски и Зоксимовска очекуваат нивните примери да ги следат и други лекари...

И пред повикот на министерот за здравство да се помогне на лекарите од инфективните одделенија, доктор Атанас Ѓоргиевски кој во моментов е специјалист кардиолог, доброволно сам се пријавил да им помогне на своите колеги од велешката болница.
Дел од тимот лекари при инфективното одделение од првиот ден кога стана ковид- центар во Велес е и кожната лекарка д-р Зоксимовска.Таа вели дека како персонал, иако даваат сѐ од себе, тие се исцрпени и истоштени од обемноста на работата.
Ѓоргиевски и Зоксимовска очекуваат нивните примери да ги следат и други доктори , чие вклучување би било од огромно значење во процесот на лекување на болните од ковид- 19.
Бројот на заболени во велешко е голем, од болницата велат дека секоја помош е значајна, а добредојдени се и осумте доктори кои што беа на специјализација, а сега се дел од ковид центарот во Велес.
Памела Цилаков
