Брзи тестови за Ковид-19 од утре во Штип, Гостивар, Прилеп, Струмица и Кичево

16.11.2020 10:37

Лаборанти од овие установи мината недела беа на обука во Скопје, а во текот на неделата ќе продолжат обуките на лаборанти од други градови низ државата, за во најкраток можен рок, брзите тестови да бидат на располагање на матичните лекари на територија на цела држава, соопштуваат од Министерството за здравство.

Во пет здравствени институции во државата, од утре ќе се врши тетсирање за корона вирус со брзи антигенски тестови. Тестирања ќе се вршат во Здравствените домови во Штип, Гостивар, Прилеп, Струмица, и општата болница во Кичево.

Лаборанти од овие установи мината недела беа на обука во Скопје, а во текот на неделата ќе продолжат обуките на лаборанти од други градови низ државата, за во најкраток можен рок, брзите тестови да бидат на располагање на матичните лекари на територија на цела држава, соопштуваат од Министерството за здравство.

Брз тест може да закаже единствено матичен лекар и тоа доколку пациентот го исполнува алгоритмот односно има симптоми на вирусот Ковид- 19, не повеќе од 5 дена. Алгоритмот за брзо теситарање е од Свестката здравствена организација, а матичниот лекар по земената анамнеза на пациентот одлучува дали истиот ќе се тетсира со ПЦР тест или антигенски - брз тест.

Изминатива недела во Скопје, на шесте пункта во поликлиниките во Чаир, Чето, Ѓорче Петров, Бит Пазар, Млин Балкан и Јане Сандански, направени се 1.138 тестови, од кои 398 биле ковид позитивни.