Заев во посета на Германија, ќе му биде врачена награда за човекови права за 2020 година
Церемонијата во Берлин ќе ја отвори министерот за надворешни работи на СР Германија – Михаел Рот, ќе може да се следи во живо преку каналите на социјални медиуми на премиерот Заев, информира владината прес-служба.

Премиерот Зоран Заев денеска ќе биде во работна посета на Сојузна Република Германија, по повод доделување награда за човекови права за 2020 година од страна на Фондацијата „Фридрих Еберт“ .
Церемонијата во Берлин ќе ја отвори министерот за надворешни работи на СР Германија – Михаел Рот, ќе може да се следи во живо преку каналите на социјални медиуми на премиерот Заев, информира владината прес-служба.
Покрај ова премиерот Заев, придружуван од министерот за надворешни работи Бујар Османи, ќе има и работни средби со министерот Рот, со ко-претседателот на Социјал-демократската партија на Германија Норберт Валтер – Борјанс и со пратенците Нилс Шмид од СПД и Јурген Харт од ЦДУ/ЦСУ.
