Моринга- чудесно дрво
Ова прекрасно растение кое се користи илјадници години потекнува и вирее на подножјето на Хималаите и во Африка, на најоскудна и песоклива почва. Ако се исече расте одново и дава плодови дури и во најголема суша. За неговиот состав и својствата и лековите дејства се правени многу научни истражувања...

Чудесно дрво или дрво кое што никогаш не умира, тоа е моринга за која се верува дека е најкорисното растение на планетава, со кое што може да се преживее без други додатоци, зашто храни, лекува и подмладува... Ова прекрасно растение кое се користи илјадници години потекнува и вирее на подножјето на Хималаите и во Африка, на најоскудна и песоклива почва. Ако се исече расте одново и дава плодови дури и во најголема суша. За неговиот состав и својствата и лековите дејства се правени многу научни истражувања.
Ова дрво кое расте и до височина од 10 метри е лек за над 300 болести, а се користат сите негови делови. Листовите и плодовите се користат и подготвуваат и како храна за луѓето, и за животните..Маслото од семето се користи и во козметичка сврха како основа на многу препарати и парфеми. Богатиот растителен профил од 90 фитонутриенти и 45 антиоксиданти го прави супер храна...
Во споредба со другите растенија има по неколку пати повеќе калиум, лепеза од витамини, фиброзни влакна, протеини, минерали. Има својство да ја прочистува и водата, особено од микроорганизми, но исто така ја стерилизира. Затоа е многу користено во Африка. Вкусот му е специфичен пикантен, од листовите се прави чај, а правот од сушени лисја веќе се подготвува и во капсули, за потребите на современиот свет. Според една научна студија од Лозана на тим предводен од проф. Марисин, Морингата има својство на антибиотици што уништуваат стафилококи и стрептококи. Му го дава на организмот потребниот број аминокиселини кои организмот не може да ги создаде сам.
Експериментите покажале дека се подобрува опшатат состојба на луѓето кои гладувале и се хранеле само со моринга. Затоа се разгледува опцијата да биде храна на сиромашните земји од третиот свет каде што недостига храна.. Дури и поголемо количесто од морингата е безопасна и нетоксична, односно не може да му наштети на организмот. Традиционалната индиска медицина Ајурведа вели дека е превентива за над 3.000 болести.
Меѓу другото едни од најважните придобивки се снижување на високиот крвен притисок, го регулира шеќерот во крвта, го стимулира метаболизмот и цревната активност, значително го подобрува имунолошкиот систем, му помага на телото да се исчисти од токсини, намалува главоболки и мигрени, блокира воспалителни процеси, гастритис , дијареа, лекува цистити, има диуретично својсво. Лекува артрит, ревматизам, подагра, спазми, габични инфекции, чиреви, брадавици, ја стимулира работата на бубрезите...
Помага при астма, прочистување на крвта, го намалува холестеролот и другите маснотии, речиси при сите стомачни заболувања и простата. Ја подобрува работата на срцето Маслото од моренга се користи за здрава коса и кожа.. Морингата се бори со слободните радикали, Ги подобрува когнитивните функции на мозокот, ја забавува алцхајмеровата болест, и регенерацијата на невроните, позитивно влијае на расположението, поради регулирањето на серотонин и допамин и ги подобрува сите мозочни функции. Исто така, содржи антиканцерски соединенија кои помагаат да се спречи растот на клетките на ракот, а ефикасна е и во третманот на ракот на јајниците.
Забележано е дека содржи уникатни соединенија и механизми кои помагаат во чистењето на црниот дроб. Исто така го штити црниот дроб од токсичните влијанија на солите на ретките земни метали, како што се цериум и индиум. Според сите овие научно докажани својства морингата може да се прогласи за нај дрво и веројатно е најздраво растение на земјата.
Соња Стојановска
