СВЕТ
Франција се приближува до бројката од два милиони заразени со коронавирус
16.11.2020 11:08
Франција се приближува до бројката од два милиони заразени со коронавирус од почетокот на епидемијата, објави Францускиот Институт за јавно здравје.

Франција се приближува до бројката од два милиони заразени со коронавирус од почетокот на епидемијата, објави Францускиот Институт за јавно здравје.
Точно еден милион и 981.827 лица биле заразени во Франција.
Од почетокот на епидемијата починале 44.548 луѓе, а во последните 24 часа починале 302 лица.
Во Франција втор карантин за населението беше воведен на 30 октомври и треба да трае најмалку до 1 декември. Првиот карантин во Франција со 67 милиони жители беше воведен на 17 март среде првиот бран на епидемијата, а постепеното ублажување започна во првата половина на мај.
Дијана Гогова Атанасова
