Во пожар во густо населена населба во Хонг Конг загинаа седум лица
Најмалку седум лица загинаа, а 12 се повредени во пожар во станбена зграда во густо населено станбено подрачје на Хонг Конг, соопштија локалните власти.

Најмалку седум лица загинаа, а 12 се повредени во пожар во станбена зграда во густо населено станбено подрачје на Хонг Конг, соопштија локалните власти.
Пожарот избувна синоќа во областа Јау Ма Теи, која обично е полна со луѓе.
Пожарот избувнал во ресторан лоциран во стан на станбена зграда, соопштија пожарникарите на прес-конференција рано утрово.
South China Morning Post објави дека во пожарот загинале седум лица на возраст од девет до 40 години. Според списокот, тој е најсмртоносен пожар од 2011 година, во кој животот го загубија девет лица. Според весникот, седум од хоспитализираните лица се во критична состојба.
Дијана Гогова Атанасова
