70-тина лица се киднапирани во Триполи - Либија
14.03.2014 17:40
Во главниот град на Либија, Триполи вооружени лица киднапирале 70-мина египќани.

Според египетското министерство за надворешни работи, луѓето биле киднапирани од нивните домови и одведени во полициски објект во Триполи. Деталите се нејасни и не е познато кој стои зад овој чин. Либиските власти не објавиле информации за инцидентот.
