Економија

Почнува реализацијата на петте мерки за директна поддршка на туристичките и угостителските работници

16.11.2020 13:03

Почнува реализацијата на петте мерки за директна поддршка на туристичките и угостителските работници. Со ребалансот на буџетот се обезбедени 7,5 милиони евра. Рокот на аплицирање е 27-ми ноември, а финансиската помош ќе биде исплатена до крајот на годината...

Рестораните за организирање свадби, игротеките, туристичките работници и угостителските објекти ќе добијат финансиска поддршка од државата во износ од 7, 5 милиони евра, најави министерот Бектеши.

Владата почнува со реализација на пет мерки, директна поддршка за најпогодените од пандемијата на Ковид- 19. Заинтересираните ќе може да аплицираат на платформата „Дома си е дома“ до 27-ми ноември, а помошта ќе биде исплатена до крајот на годината.

Лиценцираните туристички водичи ќе добијат грантови во износ од три просечни плати или по 65 илјади денари за секој туристички водич, кој поради пандемијата не можел да се занимава со дејноста.

Една од мерките е враќање на уплатената такса за привремен престој за 2019-та година за сите угостителски објекти.

 

Александра Спировска