3,1% раст на БДП лани

14.03.2014 17:21

Најголем раст има во секторите градежништво од 32,1 процент, хотели и ресторани од 4,4 проценти и во рударство и вадење на камен, преработувачка индустрија и снабдување со електрична енергија, гас и вода од 2,6 проценти...

Според денеска објавените податоци на Државниот завод за статистика, бруто-домашниот производ (БДП) во четвртиот квартал од минатата година е зголемен за 3,2 проценти. На годишно ниво стапката на раст на БДП изнесува 3,1 процент.
 
Во четвртиот квартал лани е евидентиран раст во повеќе сектори. Најголем раст има во секторите градежништво од 32,1 процент, хотели и ресторани од 4,4 проценти и во рударство и вадење на камен, преработувачка индустрија и снабдување со електрична енергија, гас и вода од 2,6 проценти.
 
Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во четвртото тримесечје од 2013 година, номинално расте за 2,4 проценти, а нејзиното учество во струкурата на бруто-домашниот производ изнесува 70,7 проценти.
 
Податоците велат дека во истиот период извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 5,2 проценти, а увозот намалување во номинален износ од 2,3 проценти.
 
БДП во првиот квартал лани забележа зголемување за 2,6 отсто, во вториот за 3,5 отсто, а во третиот за 3 отсто.