Централниот булевар во Струмица наликува на пазар на отворено
Централниот булевар во Струмица наликува на пазар на отворено, иако денеска не беше пазарен ден. Дуќанџиите се жалат. Велат, дивите продавачи се во предност бидејќи не ѝ плаќаат данок на државата и сите пари што ќе ги заработат се за сопствениот џеб...

Женска и машка гардероба, детска, па и долна облека продаваат секојдневно дивите продавачи низ струмичкиот булевар. Робата која што ја продваат е идентична на градските дуќани и е многу поевтина. Дивите продавачи уште рано наутро се распослани низ струмичкиот булевар.
Денеска не беше пазарен ден во Струмица, но булеварот наликуваше на пазар на отворено. Дуќанџиите се жалат, но никој не го слуша нивниот збор. Според нив, дивите продавачи се во предност бидејќи не плаќаат никаков данок на државата и сите пари што ќе ги заработат се за сопствениот џеб.
Импровизираниот пазар им пречи и на струмичани, велат дека централното градско јадро е лицето на градот, ама не личи на ништо со распосланите импровизирани тезги.
Струмица има само еден пазарен ден на два пазарни простори на кои што овие луѓе можат слободно да ја продават нивната роба.
Стојне Митева
