Драстичен пад на бројот на заразени во Мадрид
Пред помалку од два месеца од шпанската престолнина пристигнуваа ни малку оптимистички бројки за епидемиолошката ситуација во земјата. Кон крајот на септември, статистичките податоци покажаа 813 случаи на инфекција на 100.000 жители, додека другите шпански провинции забележаа помалку од 500. Ситуацијата се очекуваше да се влоши, но наместо тоа се случи пресврт...

Додека поголемиот дел од Европа е заклучен, баровите и рестораните во шпанската престолнина се преполни до полноќ. И покрај тоа, бројот на пациенти со коронавирус континуирано се намалува. Во моментот има 328 случаи на 100.000 жители.
Епидемиолозите сметаат дека станува збор за тестови за антиген што мадридските власти ги купиле пред два месеца, во износ од пет милиони евра, што помогнало да се зголеми тестирањето. Велат декатоа било правилна одлука за да го олесни дијагностицирањето и порано да се изолираат заразените.
„Брзо беше. Единствено што чекавме 2 часа. Другото беше во ред.“
„Беше онака како што очекував. Малку бев исплашена но се се случи многу брзо.“
„Ако функционираат овие тестови, добредојдени се. Затоа сме тука“, велат жители на Мадрид.
Мадрид, исто така, се придржува кон политиката на индивидуално затворање на регионите, односно ако се регистрираат голем број случаи во еден од нив, полицискиот час стапува на сила во 22 часот.
Марина Ристова
