Угостителите во Вевчани доброволно ги затвораат објектите

16.11.2020 14:19

Угостителите во Вевчани ставаат клуч на врата. Поради сѐ поголемиот број на позитивни случаи со корона вирусот, добороволно одлучија да ги затврат угостителските објекти.

Угостителите во Вевчани ставаат клуч на врата. Поради сѐ поголемиот број на позитивни случаи со корона вирусот, добороволно одлучија да ги затврат угостителските објекти.

Во општина Вевчани има 100- тина заболени од корона вирусот, педесеттина од нив се лекуваат во дневната болница во Здравствениот дом „Светозар Чочороски“.

„Сами ја покренаа оваа иницијатива во овој период да се затворат објектите. Дел од нив сами објавија во текот на вчерашниот ден на своите фејсбук страни дека не работат на неопределено време, сѐ додека се смири ситуацијата“ , вели градоначалникот Сашо Јанкоски.

Заболени од корона вирусот со полесни симптоми не ја почитуваат мерката за самоизлоација. Тоа е и една од главните причини за ширењето на вирусот, смета градоначалникот, кој од пред една недела доби позитивен тест па работата ја извршува од дома.

„Поголема контрола на позитивните лица , кои се во изолација и оние кои се превентивно во изолација без позитивен тест, бидејќи имаме информација дека се шетаат низ Вевчани иако се позитивни. Иако носат маски, поголеми се шансите за ширење на оваа тешка болест“, додава Јанкоски.

На итната онлајн седница на општинскиот кризен штаб што се одржа вчера, се апелира полицијата построго да ги спроведува препораките за заштита од вирусот. Граѓаните се повикуваат да не празнуваат имендени, слави и родендени. Во општина Вевчани има 2.400 жители и десетина угостителски локали.

 

Соња Рилковска