Мицкоски попладне на средба со партнерите од коалицијата „Обнова на Македонија“
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски попладне на средба со партнерите од коалицијата „Обнова на Македонија“, за случувањата во односите меѓу Македонија и Бугарија и можната блокада на нашите евроинтеграции.

Ќе се носи заклучок кој ќе содржи јасни ставови во однос на преговорите со Бугарија и клучните прашања поврзани со јазикот, историјата, идентитетот и положбата на македонското малцинство, брифираат од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека премиерот Заев буквално ја исклучил јавноста и опозицијата од било како процес на разговори и нема национален консензус за ваквите стратегиски прашања.
Сите општествени фактори во државата не се во тек со разговорите кои се однесуваат за евроинтеграциите и посебноста на македонскиот јазик и нацијата, брифираат од ВМРО-ДПМНЕ.