Потребна е поголема поддршка за успешна туристичка сезона во 2021-ва

16.11.2020 15:05

Безусловна поддршка на сите компании од туристичко- угостителскиот сектор, промена на моделот за субвенционирање на странски гости, бесплатни ПЦР тестови за престој во категоризирани хотели, поддршка за промоција на државата. Ресорното здружението при Стопанската комора со четири барања за поуспешна туристичка сезона во 2021-ва...

Безусловна поддршка на сите компании од туристичко- угостителскиот сектор, промена на моделот за субвенционирање на странски гости, бесплатни ПЦР тестови за престој во категоризирани хотели. Ова се дел од барањата на туристичкиот сектор за опоравување од ковид кризата. Очекуваат помош од Владата, за како што велат, брзо заздравување на секторот кој зад себе повлекува уште 20-тина гранки.

Туристичките работници се оптимисти дека секторот ќе заживее, но, како што велат, мора да има заеднички пристап. Порачаа и бизнис секторот да се подготви за зимската сезона.

Туристичките работници бараат и сериозен пристап на промоција на туризмот и поставување на пазарот, што е можно побрзо, без одлагање, преферирајќи дека е клучно за 2021-ва.

 

Наташа Гркова- Петрушевска