Кампања на Фејсбук и водење држава не е исто!
Иванов за 9 дена посетил над 100 населени места. Пендаровски -активен на социјалните мрежи...

Според аналитичарите, истражувањата покажуваат дека најсилен ефект за постигнување на добар резултат се средбите со граѓаните, на второ место е ефектот на електронските медиуми а на последно се социјалните мрежи .
Според Клековски, кампањата преку социјалните мрежи допира само до веќе определените гласачи ,додека средбите со граѓаните нудат можност повеќе“, изјави Сашо Клековски - аналитичар
Во интервјуто за неделникот „Република“, Иванов ги открива причините за интензивната комуникација со граѓаните .
„Претседателот не е над граѓаните, туку е со нив и секогаш е еден од нив. Еднакво сум претседател на сите. Не станав претседател за да ми служат туку јас да им служам на граѓаните, да и служам на Македонија“, вели Ѓорѓе Иванов.
Според Боцевски, клучниот момент за одлуката кому да се даде гласот ќе биде понудената програма и најважниот дел во неа ставот за решавање на проблемот со името. Ставот на Иванов е познат - Република Македонија ерга омнес , но ставот на Пендаровски очекувам, вели, да го слушнам во кампањата.
Виолета Димовска
