Состојбата во тетовско критична, се дуплира бројот на заразени и починати од Ковид-19
Бројот со позитивни случаи од тетовско изминативе две недели, споредбено со минатиот месец е дуплиран. Загрижува статистиката и за починати од Ковид- 19 од овој регион. Од Кризниот штаб состојбата ја оценија како критична, но болницата како што посочија сѐ уште има капацитет за згрижување и лекување на пациенти.

Изминатава недела над 400 лица лица од тетовско добиле позитивен резултат по земениот брис. Од вирусот за седум дена починале 15 лица. И како што најавија здравствентие работници, бројот на заразени и починати од Ковид- 19 веќе се дуплира.
И покрај лошата состојба сѐ уште има луѓе кои не ги земаат во предвид препораките на владата. Има криење на контакти и непочитување на решенијата за изолација.
Во тетовско вкупниот број на лица со позитивен резултат на Ковид-19 е 3.159, од кои 129 се починати, а 30 % од дијагностицираните се сѐ уште активни случаи.
Зоран Димовски
