ЕУ денеска нема да донесе одлука за преговарачката рамка со Македонија

17.11.2020 09:54

Министрите за европски прашања на земјите членки на ЕУ денеска виртуелно ќе го одржат долгоочекуваниот Совет за општи работи на кој требаше да се усвои рамката за преговори со Македонија и Албанија. На денешниот состанок е речиси извесно дека Бугарија ќе ја блокира преговарачката рамка за Македонија поради билатералните несогласувања...

Министрите за европски прашања на земјите членки на Европската унија на состанок на Советот за општи работи на кој требаше да се усвои и рамката за преговорите на Македонија и Албанија. Сѐ поизвесно е дека нема да добиеме зелено светло поради ветото на Бугарија која поради билатералните несогласувања ќе го блокира процесот.

За Северна Македонија ќе има место во ЕУ кога ќе биде подготвена, сега не е- став на шефицата на бугарската дипломатија, Захариева.

Бугарија, вели Захариева, продолжува да биде поддржувач на проширувањето на ЕУ и тоа не е само декларативно. Упати совет до Скопје да не се откажува на првата потешкотија со која се соочува на патот кон ЕУ – одобрувањето на рамката за преговори.

Нема да имаме добри вести од Брисел, разговоите продолжуваат во наредниот период, вели премиерот Заев. Надежта ја префрла во декември. Заев со став- тие што се внатре во ЕУ заборавиле колку е студено надвор.