КОВИД-19

СЗО: Охрабрувачки се вестите за вакцините

17.11.2020 10:31

Лидерите на групата најразвиени земји позната како Г20 ќе одржат сосотанок идниот викенд каде што ќе биде направен обид да се добие политичка и финансиска поддршка за програмите кои ги води СЗО...

СЗО тврди дека се охрабрувачки вестите околу развојот на вакцините против новиот коронавирус, но предупредија дека ковид-19 и натаму се шири брзо на северната хемисфера.

Лидерите на групата најразвиени земји позната како Г20 ќе одржат сосотанок идниот викенд каде што ќе биде направен обид да се добие политичка и финансиска поддршка за програмите кои ги води СЗО. Франција, Шпанија, Јужна Кореја и Фондацијата на Гејтс се меѓу оние кои ветија 360 милиони долари за проектот Ковакс.

Од почетокот на пандемијата, со ковид-19 се заразиле над 55 милиони луѓе. Починале речиси 1, 3 милиони. САД остануваат на врвот на листата во двете категории.