Ѓорческа полуфиналистка во Анталија
14.03.2014 18:20
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа е меѓу најуспешните четири на ИТФ Фјучерс турнирот во Анталија што се игра за награден фонд од 10.000 долари.

Ѓорческа, моментно 527 на ВТА листата, како седморангирана на турнирот во четвртфиналето ја елиминираше четвртата фаворитка Милана Шпремо од Србија, во три сета 4-6, 6-3, 6-4.
Утре претпладне во мечот за финале нашата 19-ет годишна надеж ќе и се спротивстави на три години помладата 24 места подобропласираната на ВТА листата, Белорусинката Ирина Шимановиќ, шеста носителка во Анталија.
Ѓорческа го загуби првото полуфинале на овој турнир денеска, откако во дубл со Молдавката Анастасија Вдовенко во два сета, 6-2 и 6-4 се поразени од словачко – австриската комбинација, Јуркова / Тољан.
