САД
Уште тројца адвокати на Трамп се повлекоа од тужбата
17.11.2020 11:04
Правните експерти сметаат дека тужбите не би можеле да го сменат исходот од гласањето. Според тимот на новоизбраниот американски лидер Џо Бајден, судските тужби биле театрални, а не аргументирани.
Уште тројца адвокати на американскиот претседател Доналд Трамп се повлекоа од тужбата со која се оспоруваат резултатите од изборите во Пенсилванија.
Правните експерти сметаат дека тужбите не би можеле да го сменат исходот од гласањето. Според тимот на новоизбраниот американски лидер Џо Бајден, судските тужби биле театрални, а не аргументирани.
Во меѓувреме, советникот за национална безбедност на Трамп, Роберт О’Брајан вети професионална транзиција на администрацијата на демократите иако републиканците и натаму тврдат дека победата била наместена.
