Џафери ќе чека пратеничките групи да се изјаснат за предлогот за онлајн работа
Предлогот за дополнување на деловникот за работа на Собранието, вчера по скратена постапка го достави претседателот Џафери, кој чека да го слушне мислењето на сите пратенички групи.

Сѐ уште не се знае кога народните избраници ќе гласаат, дали пратениците со позитивен тест за ковид и решение за изолација ќе може онлајн да се вклучат во работата на парламентот и на работните тела.
Предлогот за дополнување на деловникот за работа на Собранието, вчера по скратена постапка го достави претседателот Џафери, кој чека да го слушне мислењето на сите пратенички групи.
ВМРО- ДПМНЕ беше против одржување онлајн седници, но пратеничката група сѐ уште нема став за ваквиот начин на функционирање на далечина во време на пандемија.
Шестмина парламентарци не учествуваат на седниците поради коронавирусот.
