Рот: Проширувањето на ЕУ не смее да биде заложник на билатерални прашања

17.11.2020 13:16

Германскиот министер за Европа, Михаел Рот најави, и покрај бугарското вето, ќе ја стави точката за преговарачката рамка на дневен ред, со став дека проширувањето не смее да биде заложник на билатерални прашања.

„Ќе ги информирам моите колеги за процесот на проширување со Северна Македонија и Албанија. Уште на почетокот на годинава одлучивме да ги започнеме преговорите со двете земји. Основен интерес на ЕУ е во најбрз можен рок да започнат преговорите со Меѓувладина конференција“, порача Рот пред почетокот на виртуелниот состанок на министрите.

„Се надевам дека сите земји членки ќе се согласат со оваа цел и ќе бидат подготвени прагматично и солидарно да работат за нејзино остварување. Проширувањето не смее да биде заложник на билатерални барања на одредени земји-членки“, нагласи германскиот министер за Европа.