Јотовски елиминиран и во двојки

14.03.2014 19:13

Томислав Јотовски ги заврши настапите на ИТФ Фјучерс турнирот во Египет.

По елиминацијата во сингл, нашиот преставник во Шарм ел Шеик, е во публика и во конкуренција на двојки. Заедно со Босанецот Нерман Фатиќ, не се појавија во  полуфиналето што требаше да го играат против второрангираните Египќани, Мохамед Сафват и Шериф Сабри.

Јотовски во сингл вчера беше елиминиран од четвртфиналето во Египет од финалистот на турнирот и прв фаворит, домашниот тенисер Мохамед Сафват во два сета.