„Мистериозниот град под калето“- интерактивна книга посветена на Скопје
Во оваа несекојдневна книга на неконвенционален и интересен начин се раскажуваат приказни за Скопје во османлискиот период. Во книгата на читателите им се поставува предизвик кој треба да го решат, а трагајќи по решениерто мораат да „шетаат“ по страницте...
Во месецот на своето ослободување, градот Скопје се збогати со уште една книга посветена нему. Станува збор за интерактивната книга „Мистериозниот град под калето“ на авторката Александра Тодоровиќ во изданиое на Арс Ламина наменета за деца од 7 до 15 години.
Во оваа несекојдневна книга на неконвенционален и интересен начин се раскажуваат приказни за Скопје во османлискиот период. Во книгата на читателите им се поставува предизвик кој треба да го решат, а трагајќи по решениерто мораат да „шетаат“ по страницте на книгата при тоа дознавајќи многу информации и факти за важни споменици, локации и настани од историјата на Скопје.
Авторката Александра Тодоровиќ најавува нови продолженија во кои ќе бидат опфатени други периоди од богатата историја на Скопје.
