Брегзит: Неделава продолжија разговорите во Брисел

17.11.2020 15:31

Иако Обединетото Кралство излезе од блокот на 31-ви јануари, земјата и натаму ги следи правилата на Унијата сè до крајот на годината. Договорот што ќе го постигнат Лондон и Брисел ќе треба да биде ратификуван од парламентите на двете страни.

Британскиот премиер Борис Џонсон изрази увереност дека Обединетото Кралство ќе просперира и надвор од Европската унија, со или без трговски договор. Вчера во Брисел продолжија разговорите меѓу преговарачите, Дејвид Фрост и Мишел Барние, во кои бил постигнат мал напредок.

Иако Обединетото Кралство излезе од блокот на 31-ви јануари, земјата и натаму ги следи правилата на Унијата сè до крајот на годината. Договорот што ќе го постигнат Лондон и Брисел ќе треба да биде ратификуван од парламентите на двете страни.

Доколку не постигнат согласност до 31-ви декември, трговијата ќе се одвива во рамките на правилата на Светската трговска организација.