Почина Љубисав Иванов – Ѕинго

17.11.2020 15:08

Утринава на 84- години почина Љубисав Иванов- Ѕинго, претседател на Социјалистичката партија на Македонија...

Утринава на 84- години почина Љубисав Иванов- Ѕинго, претседател на Социјалистичката партија на Македонија. Роден е во 1936 година во Трновец, Кратовско. Во Кратово завршува основно, а во Куманово гимназиско образование, додека студиите по рударство ги завршил во Белград.

Остваруваше исклучително богата стопанска и политичка кариера. Од својата работна организација создаде исклучително богата компанија со разновидни дејности, почнувајќи од неметали до туризам и медиумската сфера.

Со широко распространетите активности на комбинатот и посветеноста на развојот на градот и неговите жители, „Силекс“ своевремено стана добитник на највисокото признание на бившата СФРЈ – наградата АВНОЈ.