Прилеп

Учениците ги добиваат првите оценки онлајн

17.11.2020 16:06

До крајот на неделава треба да заврши оценувањето на учениците за првото тримесечие. И процесот добива оцена, велат тече непречено. А како е со знаењата?!

Тестови, испрашување, проектни задачи, есеи. Учениците и наставниците пред компјутери. Во тек е оценувањето и на основците и на средношколците за првото тримесечие. Во прилепските училишта велат - оценувањето тече, главно непречено и според очекувањата.

За учениците што следат настава со физичко присуство, најмногу до трето, нема некои проблеми.

За стекнатите знаења, останува мерилото - училницата. Но, според наставниците, сите се привикнуваат на ситуацијата.

Сепак, кај учениците останува носталгијата да ѝ се вратат на училницата.

Во Прилеп од 10.300 основци и средношколци, над  8.000 следат настава на далечина. Учениците до петок треба да ги добијат првите тримесечни оценки.

 

Елизабета Митреска