Собрание

Власта предлага пратениците да работат онлајн, опозицијата е против

17.11.2020 16:38

Виртуелен законодавен дом- за и против. Власта нема собарниско мнозинство, се обидува да профункционира онлајн, Џафери поднесе предлог за измени на Деловникот до пратениците. Неуставно е, тврди опозицијата...

И натаму се во тек и се без разрешница, вербалните аргументирања за и против за виртуелната работа на Собранието. Последниот предлог за скратена постапка беше испратен од спикерот Џафери кој предлага заразените пратеници од Ковид-19 и оние во изолација да можат преку интернет да се вклучат во работата на законодавниот дом. Опозицијата го повтори ставот дека тоа не е уставно, бидејќи власта предлага пради неможноста да состави парламентарно мнозинство.

Од СДСМ со контрастав. Во Уставот никаде не пишува дека за седница е неопходно физичкото присуство. Според координаторот на СДСМ, Јован Митревски –онлајн работа на болните и изолираните пратеници е повеќе од потребно.

Спикерот Џафери ќе чека за неговиот предлог да се изјаснат сите пратенички групи па потоа измените на Деловникот да ги стави на седница. Според Џафери, целта е непречено работење на законодавецот со остварување на пратеничката функција.

 

Миле Ристески