Влада: Одлуката на Бугарија е неуспех за ЕУ
Одлуката на Бугарија е неуспех за ЕУ, македонскиот јазик и идентитет не се предмет на преговори. Ќе продолжиме да бараме решение за нашата незаменлива европска иднина, брифираат од македонската влада.

Одлуката на Бугарија е неуспех за ЕУ, македонскиот јазик и идентитет не се предмет на преговори. Ќе продолжиме да бараме решение за нашата незаменлива европска иднина, брифираат од македонската влада.
Во соопштението се вели дека тоа е лоша порака за целиот регион и пораз на фундаменталните европски вредности. Македонската позиција е јасна, европските интеграции не смеат да бидат заложник на билатералните прашања, се вели во владиното соопштение. Секогаш сме биле Македонци кои зборуваат македонски јазик, со силно чувство на самоопределување за кое не се преговара и не може да биде доведено во прашање.
Македонија и Бугарија се блиски држави, а сега и сојузници во НАТО, велат во владата, со геополитички интереси, како за самите себеси така и за регионот.
Владата ќе продолжи со решение со кое двете страни ќе излезат победници, притоа поздравувајќи ја смиреноста на сите етнички заедници во земјава.
Нема друг пат освен европскиот, се вели во соопштението. Реформите продолжуваат и нема ни трошка вистина во манипулациите на ВМРО- ДПМНЕ за наводно распродавање на македонскиот идентитет.
Од владата порачуваат- сепак дека ставот на Софија и ветото е спротивен на членот 2 од Договорот за пријателство од 2017-та.
