Зошто ве болат зглобовите при промена на времето и како да си помогнете

18.11.2020 09:12

Каква е врската на времето со болките во зглобовите? При поголем студ зглобовите отекуваат и болат, поради влијанието на синовијалната течност и подмачкувањето на зглобовите...

Кога е студено, врнежливо или се подготвува нагла промена на времето се појавуваат болки во зглобовите. Каква е врската на времето со болките во зглобовите? При поголем студ зглобовите отекуваат и болат, поради влијанието на синовијалната течност и подмачкувањето на зглобовите. Според научно истражувачката студија од 2014 објавена во „БМЦ Мускулоскелетал Дисордерс“, дури 67% од луѓето што боледуваат од остеоартритис се чувствителни на промените на  времето. Овие луѓе страдаат од болни и вкочанети зглобови почесто отколку другите.  Иако не се се знаат точните причини се верува дека е можеби во врска со  големата влажност во воздухот, нискиот воздушен притисок, или драстичната промена на времето.

Падот на воздушниот притисок, течноста во зглобовите добива помал притисок, при што се можни отоци и воспаленија во околното ткиво и зглобовите. При намалување на воздушниот притисок и надворешната  температура се стегаат и тетивите и врзивните ткива, што предизвикува болка и крутост на зглобовите. Синовијалната течност се згуснува и е помалку подвижна.

Послаба е и циркулацијата на крвта кон рацете и нозете, бидејќи при намалување на температурата крвта позасилено оди кон виталните органи, како што се срцето и белите дробови, а  намален е  дотокот  на крв во зглобовите. И пасивниот начин на живот без движење, спортување е причина за крутост на зглобовите . И лошото расположение поради лошото време кое ве принудува да останете дома има влијание, бидејќи во негативна емоционална состојба ве прави почувствителни на болка и нелагодност. 

Еве неколку совети од лекарите- ортопеди и ревматолози за полесно да се надмине ваквата состојба со зглобовите:

1. Не заборавјте на физичката активност, дури и во најголема зима. Без оглед на вашите години важно е секојдневно да се движите и да сте активни, Сите истражувања покажуваат дека телесната активност значително ги намалува болките кај артритисот. Ако не можете да излезете поради студот, снегот или дождот, тогаш правете вежби за истегнување дома или ако сте во можност возете статичен домашен велосипед, наместо да седите цел ден пред телевизорот.

И рекреативното пливање е извонредно за здравјето на зглобовите, доколку имате можност да посетите некој  затворен базен.

2. Пред секое излегување надвор облекувајте се слоевито и добро затоплете ги стапалата и рацете кои се многу чувствителни. Физичката активност на отворено има многу подабар ефект особено на чист воздух.

3. Јадете храна која ги намалува воспалителните процеси во вашиот организам. Внимателно избирајте ја храната и зачините, како и чаевите и суплементите. Користете повеќе антиоксиданси. Јадете лук, кромид, ѓумбир, куркума.

4. Дозволете си доволно часови квалитетен сон бидејќи освен за многу други функции во организмот,  тој има благотворно дејство за обновување на клетките за здрави коски и зглобови.

Ако се потрудите да ги почитувате овие совети, болките во зглобовите значително ќе се намалат, а подвижноста ќе се зголеми.

Соња Стојановска