Информотерапија-медицина на иднината
Информотерапија е гранка на медицината која ги проучува и применува влијанието на информациите врз физиолошките, биохемиските и на патолошките процеси во човечкиот организам.

Човечкото тело поседува фантастичен процес кој се одвива од зачнувањето до смртта. Тоа е регенерацијата. Клетките во нашето тело во сите ткива и органи постојано стареат, одумираат и се заменуваат со нови млади клетки. На тој начин телото само се одржува од повреди и од болести. Често тој процес е нарушен заради разни внатрешни и надворешни причини како вируси бактерии, стресови, настинки, лоша исхрана. Тие предизвикуваат пореметувања во нашиот организам и го ослабуваат имунолошкиот систем,отворајќи пат за нарушување на здравјето и развој на болести.
Информотерапија е гранка на медицината која ги проучува и применува влијанието на информациите врз физиолошките, биохемиските и на патолошките процеси во човечкиот организам. Овој холистички метод за подобрување на здравјето, ја враќа способноста на клетките за разменување информации. Со тоа се постигнува нормална физиолошка состојба во која се подобрува процесот на самообновување и самоизлекување.
За разлика од конвенционалната медицина која ги санира последиците, интегрираната или функционалната медицина ги наоѓа причините директно на клеточно ниво и дејствува преку информотерапијата. На тој начин ги отстранува причините за болестите и нерамнотежата во организмот....
Украинскиот научник, доктор по биолошки науки Зеновии Димитрович Скрипњук уште во 1989 година низ експерименти докажал дека дека освен материјата и енергијата како средство за лекување, може да се користи информацијата. Човечкото тело на клеточно ниво е електричен систем. Нарушувањето на електричниот потенцијал на клеточните мембрани со дизбаланс на калиумот кој е внатре и натриумот кој е надвор, односно недостиг на било кои јони, доведува до болести на клетките и изумирање. Специфичниот електромагнетен спектар на фреквенции кои се одговорни за здраво функционирање се своевидна заштита од болести. Секој човек има своја фреквенција на клеточно ниво и во секоја секунда се одвиват илјадници хемиски процеси. Надворешните фактори како бактерии, вируси, лекови, хемиски додатоци во храната, пестициди, па дури и храна која не е во склад со крвната група, може да ја поремети генетски предодредената фреквенција, а тоа пак доведува до информациско пореметување во меѓусебната комуникација. Последица на тоа се метаболички пореметувања во ткивата и појава на болест.
Д-р Скрипњук пронашол начин да им ги врати здравите информации на клетките, односно повторно да ги научи да го работат она што го заборавиле. По Чернобилската нуклеарна катастрофа Украинската влада ги поттикнала сите научници да дадат придонес за надминување на последиците за луѓето. Така истражувањата на д-р Скрипњук на подрачјето на кодирање, чување и користење на информациите, резултирале со практични методи за дијагностика, превенција и лекување со употреба на информотерапија. Тоа се покажало како успешно затоа што ги враќал во нормална физиолошка состојба, здравствените пореметувања како алергија, астма и хроничен бронхитис, ринитис, синузитис, кај главоболки и мигрени, кардиоваскуларни заболувања, депресија, хипо и хипер тиреоза, хроничен замор, менструалнипореметувања, заболување на органите за варење, на жолчните патишта, потоа псоријаза, дерматитис,воспаленијана уринарниот систем и женска и машка неплодност.
Предностите на информотерапијата се:
*Едноставни прегледи со добивање детални информации , превенција зашто промените во клетките се појавуваат многу порано од болестите.
*Ефикасност зашто делува на цел организам на клеточно ниво и ги елиминира автоимуните заболувања, мерливост затоа што по секоја терапија со одредени инструменти се гледа напредокот и се одредува индивидуална терапија.
*Неинвазивна и безболна, без нуспојави , без ограничувања на возраст, пол, состојба, може лесно да се комбинира со други методи на лекување, а особено е добро да се води здрав начин на живот и здрава исхрана.
Оваа медицинска гранка има широка примена во Украина Русија, Израел САД, Полска. На Балканот се уште е недоволно прифатена и распростанета, има само неколку центри за информотерапија.
Соња Стојановска
