ВМРО-ДПМНЕ: Нема повеќе ниту една причина Заев да биде премиер

18.11.2020 09:47

Според партијата, државава тоне во тешка политичка, економска и здравствена криза. Отстапките на Заев завршија со ново фијаско...

Зоран Заев не е способен да си го исполни сопственото ветување дека ќе си замине ако нема успех на планот на европските интеграции, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, државава тоне во тешка политичка, економска и здравствена криза. Отстапките на Заев завршија со ново фијаско.

Нема повеќе ниту една причина измамникот Заев да биде премиер, кога со него државава бележи само порази и неуспеси, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.