Трамп го смени шефот на Агенцијата за сајбер безбедност
18.11.2020 09:56
Трамп го обвини Крибс за погрешно уверување на граѓаните дека изборите се безбедни, иако имало „огромни нерегуларности и измами“, вклучително и гласање за починати...

Актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп го смени шефот на Агенцијата за сајбер безбедност, Крис Крибс. Тој бил отпуштен наводно поради неточни најави за регуларноста на изборниот процес.
Трамп го обвини Крибс за погрешно уверување на граѓаните дека изборите се безбедни, иако имало „огромни нерегуларности и измами“, вклучително и гласање за починати, попречување на набљудувачите на изборите во следењето на изборниот процес и софтверските грешки кои гласовите на Трамп му ги припишувале на Бајден
